реклама

Примерок на светата книга Куранот, со мали димензии еднакви на оние на поштенска марка, се наоѓа во Албанија. Книгата е во сопственост на семејството Пруши, кое го наследува ова скапоцено богатство од генерација на генерација, јави Еуроњуз Албанија (Euronews Albania) повикувајќи се на АФП.

– Марио Пруши, е 45-годишниот Албанец чие семејство ја поседува светата книга со големина на поштенска марка. Ритуалот е секогаш ист. Марио внимателно ги мие рацете и лицето пред да го бакне и стави на челото еден од најмалите Курани во светот. Со генерации, книгата се пренесувала во неговото семејство, преживеани војни и фанатичниот комунистички режим кој не дозволувал религија, наведува истиот извор.    

реклама

Експертите велат дека тоа е еден од најмалите Курани во оптек, а малата книга се чувала во сребрена кутија, која потемнела со текот на годините.

-Го наследуваме од колено на колено со апсолутна посветеност, изјавил Пруши за новинската агенција АФП во неговиот дом во Тирана, држејќи ја книгата која речиси исчезнува во дланката на сопственикот и може да се прочита само со лупа.

реклама

Тешко е да се одреди од кога датира овој Куран, во отсуство на научна анализа, но, според истражувачот Елтон Карај, книгата од 900 страници циркулира од 19 век.

-Овој Куран е испечатен во многу мал формат, тој е меѓу најмалите во светот. На прв поглед можам да кажам дека неговото објавување датира од крајот на 19 век. Тоа е извонредно и многу вредно дело. Имаме среќа што оваа копија е во Албанија вели Карај. 

реклама