Во руски напад на Запорижја загинати три лица, 13 се повредени меѓу кои и едно дете

Во Запорижја три лица загинаа, а 13 други се повредени, меѓу кои и едно дете, како резултат на удар на руските војници, објави шефот на регионалната воена администрација на Запорожје, Иван Федоров, пренесува Укринформ.

Според него, како резултат на непријателскиот напад во Запорижја, деветгодишно момче и неговата 36-годишна мајка, како и двајца мажи на возраст од 20 и 22 години се во умерена состојба.

„Во тешка состојба се 55-годишна жена и 51-годишен маж. Сите се во болница, лекарите им ја пружаат потребната помош“, изјави Федоров.

Тој подоцна ја појасни информацијата: „Загинаа три лица. Бројот на ранети се зголеми на 13. Четворица од нив се во тешка состојба“.

Како што е соопштено, во попладневните часови на 5 април, експлозии се случија за време на воздушен напад во Запорижја. Тогаш беше најавена балистичка закана во регионот. Русија попладнево истрелала пет ракети врз градот.

Ј. Ѓ.