Канализациониот систем во Охрид изграден во 2013 година не функционира, а водите на Охридското Езеро се загадуваат со отпадните води од фекалната канализација, покажале податоците од новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Додаваат дека присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи. Но, бидејќи станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата се вели во Извештајот.

Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото, стои во извештајот на ИЈЗ.

Последните анализи пак на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење, спорт и рекреација. Има мала деградација на одредени места, но тоа е ситуација што се повторува 3 децении.

Инаку фекалии се влеваат во Охридското езеро, затоа што крајбрежјето не е целосно покриено со Колекторскиот систем. Од институтот за јавно здравје предлагаат целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти. Да се откријат домаќинствата кои фекалните и другите отпадни води ги исфрлаат директно во речните корита и истите да се приклучат на канализационен систем.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.