Во наредните денови ќе се одржи првиот инаугуративен мировен самит во Швајцарија, Украина очекува учество од 100 земји

Во наредните денови Украина заедно со Швајцарија ќе го искординира датумот на првиот инаугуративен самит за мир, како што рече претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за телетонот Unified News, објави дескот на Цивил Тудеј.

Во моментов нема список на земји кои учествуваат на настанот, рече Зеленски. Откако претседателите на Украина и на Швајцарската Конфедерација ќе се договорат за датумот на самитот, ќе бидат испратени покани до светските лидери.

„Очекуваме 80-100 земји да земат учество во самитот. Веруваме дека ова ќе биде најмоќниот самит. Мировен самит. Да, и тоа инагуративен. Но, тоа е самит од големо значење, кој ќе ги собере нашите партнери и каде што ќе изградиме патоказ за понатамошни чекори кон завршување на војната“, рече претседателот на Украина.

Зеленски истакна дека само со заеднички напори светот може да ја запре агресијата на Русија. Затоа, самитот ќе ги собере земјите од сите континенти.

Првиот инаугуративен самит за мир заснован на формулата за мир на Украина ќе се одржи во Швајцарија. На самитот земјите-учеснички ќе развијат заеднички акционен план за праведен мир во Украина.

М. П.