Новинарот на ЕСПН, Марк Огден тврди дека Манчестер Јунајтед се подготвиле дека ќе останат без 28 годишниот Пол Погба и тоа без отштета.

Францускиот играч од средниот ред не сака да го продолжи договорот кој му трае до крајот на јуни 2022-ра година. Погба веќе подолго време е незадоволен во Јунајтед и во клубот се помириле дека следното лето остануваат без него.

Светскиот првак со Франција во Јунајтед се врати за 105 милиони евра од Јувентус. Тој беше дел и од младинскиот погон на Јунајтед од 2009-та до 2011-та година, но не се наметна во сениорскиот тим. Во Јувентус замина во 2012-та година и стана еден од најдобрите играчи на светот.

Според Трансфермаркт неговата вредност е 60 милиони евра, за него се заинтересирани токму Јувентус, но и ПСЖ и Реал Мадрид.