Оваа процедура претставува голем напредок за илјадници Британки кои инаку не би можеле да забременат.

Четириесетгодишна донаторка, која веќе има две деца, несебично ја „подари“ својата матка на помалата сестра која сака да основа семејство со сопругот, но поради здравствената состојба е родена без матка.

Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествуваа два тима и осум хирурзи кои работеа во соседни операциони сали и траеше вкупно повеќе од 17 часа, пишува „Дејли Меил“.

Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, велат хирурзите кои ја извршиле трансплантацијата.

Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд.

Жената која ја добила матката изјавила дека е „презадоволна“ од тоа како се одвивале работите и дека е „многу, многу возбудена“ поради можноста да стане мајка.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.