Со посредство на Европската Унија (ЕУ) денеска во Брисел се одржуваат средби во рамки на дијалогот Косово-Србија, со цел да се најде решение за користењето на српскиот динар на територијата на Косово.

Белградската страна на средбите ја претставува главниот преговарач Петар Петковиќ, а Приштина – гувернерот на Централната банка на Косово (ЦБЛ), Ахмет Исмаили.

Регулативата на ЦБК, која стапи на сила на 1 февруари, го предвидува еврото како единствена валута за готовинско плаќање во Косово и забранува употреба на српскиот динар.

Според ЕУ, оваа одлука предизвикала практични проблеми за српската заедница во Косово, која го користела динарот и добивала помош од Србија во таа валута. Затоа, ЕУ свика состанок за 27 февруари за да се најде решение за прашањето.

Прикажи повеќе