Во главната борба на настанот УФЦ 290 што се одржа ноќта меѓу саботата и неделата во Лас Вегас, Австралиецот со македонски корени, Александар Волкановски во третата рунда со технички нокаут го победи мексиканскиот борец Јаир Родригез.  Волкановски петти пат по ред успешно го одбрани појасот во перо категорија.

Волкановски и покрај тоа што во мечот влезе со повреда на раката, не дозволи изненадување. Се наметна како подобра борец од почетокот, а во третата рунда го нокаутираше противникот.

По мечот Волкановски најави нова борба до крајот на годината, а противник според негова желба би бил досега непоразениот Грузиец Илија Топурија. Враќањето на Волкановски во октагонот дефинитивно ќе се случи дури по операција на раката.

Прикажи повеќе