Медиумите од Англија пренесуваат дека Душан Влаховиќ побарал 200.000 фунти неделна плата или нешто над 10 милиони фунти годишно за да направи трансфер во јануари.

Србинот игра во страшна голгетерска форма па го привлече вниманието на неколку гиганти. Премиерлигашите како Арсенал, Тотнем и Манчестер Сити се подготвени да платат 80 милиони евра за да го ангажираат уште во јануари, но се верува дека Душан Влаховиќ преферира да почека до крајот на сезоната и тогаш да ја одбере следната дестинација.

Напаѓачот е подготвен да ја промени средината и во јануари, но само доколку добие богатство. Според пишувањата на Дејл Стар, Душан Влаховиќ бара неделна плата од 200.000 фунти, или нешто над 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра) годишно.

Весникот додава дека оваа сума ги плаши клубовите од Премиерлигата, кои не се подготвени да му дадат ваква плата на Србинот.