Болничарката од Инфективата клиника која е зарасена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје.

Се надеваме дека пациентката ќе остане во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, првите денови не се така лоши, но потоа може да се влоши затоа се следи за да може да се интервенира во одредени ситуации, изјави д-р Добринка Наунова Јовановска од Универзитетска клиника за инфективни болести.

Според информациите кои ги споделија со јавноста докторите, околу 40 луѓе се под здравствен надзор од превентивни причини. Од нив 11 кои биле во директен контакт со сега веќе хоспитализирана болничарка се под 14-дневен здравствен надзор.

Здравствен надзор подразбира дека контактите ќе треба да се јавуваат кај надлежен епидемиолог од ЦЈЗ Скопје, тоа не е класична изолација но треба да имаат контакт со останатите, едноставно да издржат 14 дена за да не се прошири оваа зараза и се надевам ќе биде последен случај. Од претходните 29 контакти еден се потврди, а вкупно имаме здравствен надзор за 40 луѓе, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска.

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.