Вкупно 12.300 деца се убиени во Газа помеѓу октомври 2023 и февруари 2024 година

Според Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) за време на четиримесечната војна во Газа биле убиени повеќе деца отколку за  четири години конфликти на глобално ниво, пренесува Си-Ен –Ен.

Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, ја нарече бројката „неверојатна“ на социјалните мрежи и сподели графикон во кој се споредува бројот на деца убиени во глобалните конфликти помеѓу 2019 и 2022 година со бројот на убиени меѓу октомври 2023 и февруари 2024 година во Газа. цитирајќи ги ОН и палестинските здравствени власти.

Вкупно 12.193 деца биле убиени меѓу 2019 и 2022 година на глобално ниво, а вкупно 12.300 деца биле убиени во Газа помеѓу октомври 2023 и февруари 2024 година, според тие бројки.

Д. Т.