Потребни состојки:

10 меки карамел бонбони (60гр)
130гр мелено чоколадо
150гр шеќер
малку сол
кесичка ванилин шеќер
6 лажици масло
2 лажици јогурт
2 јајца
2 лажици рум
200гр брашно
2 лажички прашок за пециво

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, обложете ги калапите за мафини со хартиени кошнички. Исецкајте карамел бомбони.

Икршете го чоколадото и истопете го на пареа. Иматете шеќер, сол, ванилин шеќер, масло и јогурт, па додадете го растопеното чоколадо, а потоа јајца и рум.

Помешајте го брашното и прашокот за пециво, па полека промешајте во смесата, само колку да се содинат сувите и влажни состојки. Помешајте и 2/3 парчиња карамела и истурете го тестото во хартиените кошнички. Посипете со останатите карамали. Печете околу 30 минути. Исклучте ја рерната, оставете ги мафините да се “одморат” околу 5 минути, па извадете ги од рерна да се изладат целосно.

Украсете по желба

Совет: Ако немате плех за мафини, може да ги печете и само во хартиени кошнички. Мафините може да ги испечете и замрзнете. Кога ќе се одмрзнат, исто се вкусни како кога се свежи.