Знакот јаболко на заднината на вашиот „ајфон“ не е само украс, туку може да послужи и како копче.

Многумина не беа свесни за опцијата на „Епл“, па беа изненадени кога на социјалните мрежи почна да се шири видео за тоа како да се овозможи оваа опција.

„Копче за што? За што сакаш“, се наведува во објавата на корисник на „Тик-ток“.

Функцијата се нарекува Back Tap и можете да ја користите за разни опции (скриншот, камера, блиц…).

Одговара на двоен или троен допир. Опцијата постои само во iOS 14 и може да се активира преку поставки (settings). Одите во поставки, ја избирате опцијата пристапност (Accessibility), потоа Touch, па Back Tap.

Кога ќе кликнете Back Tap, ќе можете да изберете за која опција и како сакате да го користите гризнатото јаболко.