Бременоста кај секоја жена влијае поинаку. Некои со месеци лежат во кревет, додека други се хиперактивни.

Оваа трудница заблеска на танцовиот подиум во високи потпетици и фустан соодветен за танцување салса. Таа во 35-тата недела од бременоста заигра со својот партнер совршено одигрувајќи ја кореографијата.

Според научниците, танцот е еден од најдобрите начин да останете активни. Ако не сте под посебен лекарски надзор, танцувањето ќе ви помогне за флексибилноста, одржувањето на мускулите и активноста на срцето и белите дробови.