(ВИДЕО) Украински беспилотни летала погодија уште една рафинерија во Русија, петта оваа седмица

Во Русија, ноќта кон петокот, на 15 март, три беспилотни летала погодија нафтена рафинерија во регионот Калуга, при што беше предизвикан пожар. Според Телеграм каналот ASTRA, оштетена е опремата на компанијата.

Гувернерот на регионот Калуга, Владислав Шапша, изјави дека руските сили за воздушна одбрана „собориле четири беспилотни летала“ над територијата на регионот во текот на ноќта, без „нема жртви или оштетувања на инфраструктурата“.

Сепак, ASTRA откри дека само едно беспилотно летало е всушност соборено, а три ја погодиле опремата за рафинирање на нафта на петрохемиската фабрика Перви Завод во селото Полотњани Завод во областа Џержинск. Нападот резултираше со пожар и била оштетена опремата на компанијата, но нема повредени.

Ова е петта рафинерија оваа седмица нападната од украински беспилотни летала, откако предходно, како што објави вчера ЦИВИЛ Медиа, беспилотните летала лансирани од Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, ја погодиле рафинеријата за нафта Новошахтинск, со што ефикасно ги запрела нејзините операции, додека во текот на ноќта во средата, 13 март, украински беспилотни летала, лансирани од операторите на Службата за безбедност (СБУ), нападнаа три рафинерии за нафта во рускиот Риазан, Кстово (регион Нижни Новгород) и Кириша (регион Ленинград) , како дел од тековната специјална операција на SBU насочена кон руските нафтени рафинерии.

Според британските разузнавачки аналитичари, рускиот капацитет за рафинирање нафта е привремено намален со повеќекратни напади со украински беспилотни летала врз рафинерии низ Русија и ќе и треба подолго од вообичаеното за Русија да ги врати во услови на санкции.

Драган Мишев