(ВИДЕО) Српски доброволци во Русија тепани и третирани како наркомани и алкохоличари

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, а истото на својот профил на мрежата Икс го објави и Ал Џезира Балканс, група доброволци од Србија кои дошле да се борат за Русија и рускиот народ, се жалат и бараат од Путин, министерот за одбрана и другите институции на Руската федерација да им помогнат, бидејќи биле лошо третирани како наркомани и алкохоличари.

„Бевме пречекани како наркомани и алкохоличари“, му се пожалиле на претседателот Владимир Путин група доброволци од Србија во руската армија за лошите услови во Украина.

На српските доброволци им биле дадени по еден автомат, и како на кого, по една, две, а на некого ниту една рамка со муниција. Кога побарале дополнително оружје, им рекле самите да заробат во борба, а не ги  добиле ниту ветените облека и обувки.

Еден од српски платеници, кои руските офицери од 119-та бригада ги тепале и постапувале кон нив  како со кучиња, полошо од осудениците, течно зборува руски додека се жали на „топлиот“ пречек од руските “браќа“ и тврди дека целата опрема си ја купиле со свои пари.

Беа лошо третирани, исмевани, ги нарекуваа цигани и прашуваа зошто дошле, вели Дејан Бериќ, блогер и поранешен доброволец од Србија.

Тој понатаму тврди дека тие биле нападнати од руската воена полиција која пукајќи во воздух, ги тепала со кундаци, им скршиле неколку глави и ги удирале по уста невооружените српски доброволци.

После „пријавување“, нема каење.

Драган Мишев