Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор ќе станеше „личност на неделата“ по дуелот на неговиот ПИК Сегед на гости кај Кил.

ПИК Сегед беше во многу незгодна позиција на гостувањето во Германија. Беше во минус од седум гола, но осабениот Кил не успеа да го издржи сопствениот ритам, па Сегед дојде до позиција да се бори за бод, па и победа.

На крајот на натпреварот беше 32-32, а нападот на Кил го скроти голманот Мирко Алиловиќ. Потоа хрватскиот гол ја упати топката од својот кон празниот противнички гол, но во меѓувреме се слушна и судиската свирка.

Хуан Карлос Пастор, тренерот на ПИК Сегед имаше побарано тајм аут и голот на Алиловиќ не вредеше.

Среќна околност за шпанскиот тренер на Сегед е што голот сеедно немаше да важи затоа што топката ја мина гол линијата по истекот на 60-те минути.

Во спротивно, ќе ја доживееше судбината на Гудмундур Гудмундсон кој на почетокот на Бундес лигата, со предвремено земање на тајм аут му скрати победа на Мелзунген.