Најмалку 443 луѓе загинаа во невремето во Јужна Африка, а десетици се уште се водат како исчезнати, изјави во понеделникот претседателот Кирил Рамафоса, прогласувајќи национална состојба на катастрофа.

Тој рече дека околу 48 лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Околу 200 до 400 милиметри дожд паднаа во провинцијата КваЗулу-Натала во 24 часа од 11 април, рече тој.

Дождот предизвика големи штети на патиштата, мостовите и куќите и го наруши снабдувањето со храна и гориво. Се проценува дека околу 40.000 луѓе се раселени поради поплавите, рече Рамафоса.

„Ова е хуманитарна катастрофа која бара големи и итни напори за да се обезбеди помош. Животите, здравјето и благосостојбата на илјадници луѓе остануваат во опасност.

Едно од најголемите карго пристаништа во Африка, Дурбан, беше затворено, а во некои области немаше струја или вода.

„Останува да се направи сеопфатна проценка на економските трошоци од овие поплави, но јасно е дека ќе достигне милијарди ранди за реконструкција на инфраструктурата и губење на производството“, рече Рамафоса.

„Ќе бидат потребни огромни напори, помош од ресурси и способност на целата нација да се опорави од оваа катастрофа“, рече тој.