реклама

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео од ресторан каде заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ беа на вечера.

Како што може да се забележи, атмосферата е опуштена а тие дегустираат вино и ја пејат песната „Дајте вина, хочу лом“.

реклама

„Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија!“, напиша Вучиќ.

реклама