реклама

Дали некогаш сте се запрашале како богатите Арапи купуваат автомобили? Сигурно не сте замислувале дека изгледа како во следното видео!

Некои луѓе од светот тврдат дека се најбогати во светот и се расфрлаат со пари насекаде. Секогаш можат да се видат во најскапите автомобили, хотели, луксузни јахти и дестинации. Облечени се според најновите модни трендови, а носат само скапи парчиња облека со потпис на познати дизајнери, иако сето тоа се крие под традиционалната облека.

реклама

На Инстаграм штотуку стана вирално видео од арапски милијардер кој отишол во салон за автомобили со желба да го купи најскапиот модел.

Имено, тој влегол во продавницата додека неговите помошници носеле пари на палета. Рекол дека им се брза и дека немаат време за губење, па од вратата прашал кој е газдата и и рекол на вработената девојка да си купи кафе, ставајќи ѝ големо купче пари во рацете.

реклама

Прашал што е најскапо и одбил да купи Ферари бидејќи чини само околу 2,2 милиони евра, сакал уште поскапо. Тој веднаш отишол на другата страна на продавницата и прашал друг продавач што имаат на располагање. Со прст му покажа што сака и не се двоумеше многу.

  • Еј шефе, ќе ми го дадеш тоа (се мисли на Ауди Р8), Мерцедес и овој Ролс Ројс – рекол Арапот.

Кога завршил со шопинг, побарал енергетски пијалок. Иако вработените му нагласиле дека е бесплатно, овој богаташ му дал на продавачот уште една чашка пари.

реклама

  • Земете го ова и задржете го кусурот – рече тој.

Коментарите под видеото следеа со молскавична брзина, а додека некои беа воодушевени, други го оценија ваквото однесување за арогантно и непримерно и ги осудија постапките на овој господин.

  • И јас сакам кафе.
  • Брат, купуваш коли како зеленчук.
  • Го поздравувам овој лик.
  • Арапите покажуваат дека имаат пари на многу екстравагантен начин. Има многу луѓе со повеќе пари, а никој не знае за тоа – се само дел од коментарите.

реклама