Најмалку осум лица загинаа поради поплавите во италијанската област Емилија Ромања, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, соопштија властите, пренесува АНСА.

Практично сите водотеци меѓу Римини и Болоња се излеаа од коритата од вчера вечерта до утринава, поплавувајќи огромни области на Ромања.

Локалните власти соопштија дека поплавите зафатија 37 градови и населени места, а регистрирани се и околу 120 одрони. Училиштата денеска ќе останат затворени во повеќето од погодените општини, особено во регионот на Болоња и Ромања.

Прикажи повеќе