(ВИДЕО) Едноминутен молк, интонирање на украинската химна и силни изјави на протестниот марш против руската воена агресија

Здружението на Украинците во С. Македонија „Лесја Украинка“ одржа протестен марш по повод двегодишнината од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина. Поворката на маршот тргна од Алејата „Украина“ во центарот на Скопје.

Присутните ја интонираа химната на Украина и со минута молк им оддадоа почит на загибатите цивили и паднатите борци за ослободување од руската агресија и окупација кај алејата „Украина“.

Потоа, поворката се упати и кон руската амбасада.

Полицијата постави кордон на десетина метри од амбасадата, така што собирот се одржа во непосредна близина, но не и пред самиот објект.

Изјави за медиумите даде претседателот на здружението, Олександр Урбанович.

Беше запалена фотографија на Путин на која пишуваше Хаг.

Џ. Дерала

Олександр Урбанович: Рускиот диктатор е одвоен од реалноста и опседнат со псевдоисториски илузии