(ВИДЕО) Еди Рама се сретна со Зеленски

Албанскиот премиер Еди Рама беше домаќин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во моментов е во посета на Тирана,  според видеото објавено од Рама на Фејсбук.


За време на средбата, Рама на Зеленски му ја подарил својата книга со слики, а заедно ја разгледаа привремената изложба во кабинетот на премиерот насловена „Украина – воено злосторство“, која содржи 50 слики кои ја прикажуваат руската агресија.

Украинскиот претседател Зеленски на средбата го одликува премиерот Еди Рама со орден „Принц Јарослав Мудриот“, за значаен личен придонес на албанскиот премиер за зајакнување на меѓудржавната соработка, поддршка на државниот суверенитет и територијален интегритет на Украина, популаризација на украинската држава во светот.

Беа преземени високо безбедносни мерки кога Зеленски пристигна во канцеларијата на Рама. Во исто време започна средбата меѓу украинската и албанската делегација. Се очекува да резултира со потпишување билатерален договор.

Како што беше најавено претходно во официјалната агенда, премиерот Рама и претседателот Зеленски ќе одржат воведни зборови на почетокот на Самитот Украина-Југоисточна Европа.

Како што објави предходно албанскиот министер за надворешни работи на Х, Зеленски  доцна синоќа пристигна во Тирана, пред самитот со земјите од Западен Балкан.

Тој во Албанија пристигна по средбата во Саудиска Арабија со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман каде што  двајцата разговарале за мировната формула на Кијив за ставање крај на конфликтот. за текот на руската двегодишна инвазија на Украина, истакнувајќи ги напорите на кралството да најде решение за ставање крај на војната.

Во пресрет на самитот, Еди Рама рече дека Западен Балкан е подготвен да придонесе во борбата против Русија во услови на европски и западни одложувања и ограничувања на помошта.

Драган Мишев