реклама

Малезиец ја фатил неговата шестгодишна ќерка како краде, и кога ја соочи со непримерниот и недозволен потфат, девојчето признава дека ги зело парите, но за да им помогне на пријатели на кои им била потребна помош.

Имено, извесен Ерван осознал дека му недостигаат приближно 300 евра. По пребарувањето, во чантата на ќерка сѝ пронашол помалку од половина од украдените пари, па решил да открие – зошто таа го направила тоа? Поради невиноста и добродушноста на девојчето, видеото објавено на Тикток веднаш стана интернет-хит.

реклама

  • Им треба помош, тато!, вели малото девојче.

Ерван за „Ворлд оф баз“ раскажува дека во чантата на ќерка му пронашол дел од украдените пари. За веќе поделените средства дознале родителите на другарчињата на благородното девојче кои ги зеле парите, па понудиле да ги вратат, но таткото се согласил да не ги бара парите назад.

Корисниците на Тикток го пофалија добродушното девојче со големо срце, а и нејзиниот татко за сочувството кон посиромашните. Но, некои нагласуваат дека на крајот на краиштата, крадењето не е решение.

@wanisckt

Bertuah punya anak

♬ bunyi asal – WANIS CHARKETEOW PENANG

реклама