Се стравува дека во пожарот што седми ден беснее во источна Австралија загина еден човек, уништени се повеќе од 50 домови и изгорени 20.000 хектари земјоделско земјиште и ниска вегетација, соопштија денеска локалните власти.
Најкритично е во подрачјето на градот Тара во Квинсленд, пренесе АП.
Како што се додава во веста, пожарот конечно е ставен под контрола и денеска не е пријавена нова материјална штета.
„Тоа не е пожар што може брзо да се изгасне. Ние всушност не можеме да го изгасиме, но само треба да го контролираме“, изјавил шефотт на противпожарната служба, Камерон Херберт.