Голем пожар избувна во станбен комплекс во градот Ајман, во Обединетите Арапски Емирати, но властите соопштија дека е изгаснат по интервенцијата на итните служби.

Како што соопшти локалната полиција на својот Инстаграм профил, заедно со екипите на цивилната одбрана и пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, а засега нема информации за повредени.

Според Би-Би-Си, истиот облакодер горел и во 2016 година.

Прикажи повеќе