Мал спортски авион не успеa да слета на пистата на аеродромот во Тексас по што се лизна и удри во автомобил кој минуваше во непосредна близина.

Снимката е направена од случаен минувач, Џек Шнајдер, а на неа се гледа моментот на несреќата.

„Го видов авионот како се движи по пистата и знаев дека нема да има време да застане“, изјавил тој.

Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, додека двете лица во авионот не се повредени.

Федералната управа за авијација ги истражува причините за несреќата, а се дознава дека авионот бил во процедува за принудно слетување поради техничи проблем.

Прикажи повеќе