Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за ФК Кул. Средствата од спонзорството ќе се искористат за нивна подготовка за претстојната фудбалска сезона, како и организација на турнир КУЛ КУП.

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за  ФК КУЛ.  Средствата од спонзорството ќе ги искористат за наредната сезона за помалите категории, како и за подготовка на претстојниот меѓународен турнир кој ќе се одржи на 08-09-10 септември 2023, план и програма за учество на турнири во земјава и странство. Турнирот КУЛ КУП, кој е убава традиција.

Турнирот прераснува во традиција каде екипите се дружат меѓусебно, разменуваат искуства и ги тестираат своите фудбалски способности. Со овој турнир  сакаме да го поттикнеме дружењето на младите спортисти помеѓу земјите од Балканот и да придонесеме за развој во спортот кај младите категории, споделуваат од ФК КУЛ.

Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, како модерна и општествено одговорно компанија, ќе продолжи со негување на своите заложби за унапредување на спортот и спортската култура кај нас.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

Прикажи повеќе