реклама

Како што истакнуваат астрономите, ваков феномен, со две супермесечини во рок од еден месец, следниот пат можеме да го очекуваме дури во 2037 година.

Вечерва, 31 јули до 1 август, ќе се појави првата супермесечина во август. Сепак, тоа не е се, бидејќи 30 дена подоцна нè очекува втората полна месечина, позната како „сина месечина“.

реклама

Освен тоа, ноќта на 1 август, кога изгрева супермесечината, на небото ќе бидат видливи и Меркур и Марс, што не се случува многу често.

Ако времето е убаво, а небото е без облаци, ќе може да се видат деталите на површината на Месечината со голо око, но ако сакате да видите сè подобро, ако имате можност, користете двоглед, телескоп или мобилен телефон со добра можност за зумирање.

реклама

Астрономите истакнуваат дека овој феномен со две супермесечини во рок од еден месец се случил во 2018 година, а следниот пат можеме да го очекуваме дури во 2037 година.

реклама