Два нови лекови за Алцхајмерова болест, кои ќе бидат одобрени во Велика Британија, се првите кои ја третираат причината за болеста и треба директно да го подобрат животот на пациентите со деменција, бидејќи тие се развиени за да ја забават болеста, објави „Гардијан“.

Луѓето во Британија би можеле да ги видат придобивките од клучниот медицински пробив следната година, пишува весникот.

Првиот од овие лекови – „lecanemab“ – неодамна беше одобрен во САД и Јапонија и веќе е вклучен во третманот на пациенти со деменција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.