Исхраната која не вклучува месо го намалува ризикот од срцеви заболувања, но го зголемува ризикот од мозочен удар, покажаа низа истражувања.

Во истражувањето, кое уште одамна го објави British Medical Journal, учествувале 48.000 луѓе, а траело 18 години.

Студијата покажала дека на 1.000 учесници кај вегани и вегетаријанци имало десет случаи помалку заболени од срцеви болести во однос на оние кои консумираат месо, но во исто време имало повеќе случаи на мозочен удар.

Експертите посочуваат дека, без оглед на изборот на диети, консумирањето широк спектар на храна е најдобро за нивното здравје.

-Порака до сите е дека има смисла да се има добро планирана диета и да се јаде широк спектар на храна. Потрошувачите на месо не мора да имаат различна исхрана, затоа што можат секоја вечер да живеат на месо и компири и да не јадат зеленчук, изјави Френки Филипс од Британската диетска асосијација.

Британската национална здравствена служба советува урамнотежена исхрана која вклучува пет дневни оброци богати со овошје и зеленчук, храна богата со растителни влакна, протеини и млечни производи.

Храната со голема содржина на масти, шеќер или сол треба да се јаде поретко и во мали количини.

Луѓето на веганска и вегетаријанска исхрана, исто така треба да внесат доволно хранливи материи.

Луѓето кои консумираат месо, млечни производи и риби обично имаат доволно витамин Б12, кој е потребен за здрава крв и нервен систем.

Железото исто така потешко се апсорбира од растителна храна, така што оние кои ќе се одлучат да не јадат месо во нивната диета мораат да вклучат намирници како што е интегрален леб и брашно, суво овошје и мешунки.