
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји верува дека првата меѓувладина конференција со Скопје и Тирана би можела да се одржи за неколку дена.
На состанокот на меѓупарламентарната комисија Вархеји рече дека сите пречки за старт на преговорите се веќе надминати.
„Скоро сме таму. Сега е моментот сите актери да го направат последниот чекор. Имам големи надежи дека меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија може да се одржат за неколку дена. Двете земји спроведоа сè што беше побарано од нив и подготвени се. Треба да бидеме подготвени. Сега имаме решение на маса одобрено од бугарскиот Парламент, така што сите пречки се надминати“, рече Оливер Вархеји, комесар за проширување.