Ракометарите на Вардар во Нови Сад ги очекува натпревар во СЕХА конкуренцијата, средбата се игра со почеток од 17.30 часот.

Црвено-црните се фаворити, н отоа ќе мора да го потврдат на средбата, тренерот Дејвис бара од играчите да ги намалат грешките, за да стигнат до победа.

-Мора да ги поправиме грешките од поразот со Нексе. Војводина има квалитетен и е опасен тим, предводена од Немања Прибак, која игра дисциплинирано, има добар голман и која дома е многу незгоден противник. Треба да бидеме трпеливи, мислам дека ракометарите веќе сфаќаат што барам од нив и како треба да играат. Одиме чекор по чекор и сигурен сум дека ќе биде многу подобро, изјави Дејвис.

Извор: Дриблинг.мк