Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони Ван Де Бек ја одбил првата понуда која стигнала на негова адреса.

Холанѓанецот не е задоволен со минутажата на „Олд Трафорд“, па постои можност во јануари да ја промени средината со цел да добие поголем простор за докажување на теренот.

Ралф Рангник во неколку наврати посочи дека сака да го задржи фудбалерот од средниот ред во своите редови, но барем досега не му дал доволно шанса за да ги покаже своите квалитети.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Ван Де Бек добил понуда следните шест месеци да ги помине во Њукасл како позајмен фудбалер.

Сепак, самиот фудбалер ја одбил оваа понуда затоа што сметал дека Њукасл не е идеалното место за негово понатамошно развивање. Засега тој ќе остане во Манчестер Јунајтед, но не се исклучува можноста да си оди од клубот во следниот период.