Владица Брдаровски е третиот фудбалер кој нема да го продолжи договорот со Шкупи и ќе го напушти тимот ова лето.

Неговиот договор траеше до крајот на оваа сезона, но летово 33-годишниот бек ќе бара нова дестинација. Тој е третиот фудбалер кој се разделува со Шкупи, по Костариканецот Фреди Алварез и капитенот Кристијан Наумовски.

Битолчанецот одработе две сезони во Шкупи, откако пристигна од косовска Дрита, во 2021 година. Претходно пет години го носеше дресот на Вардар, а имаше и меѓународна авантура во Збројовка Брно во Чешка и во Ѓер, во Унгарија.

Шкупи, пак, очигледно ќе прави промени во составот, откако оваа сезона не усепа да ја одбрани титулата, а елиминиран беше и во Купот.

Прикажи повеќе