Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на Источната Kонференција. Селтикс во мајсторката ја декласираа Филалделфија со 112:88. Блескаше Џејсон Тејтум со 51. Во „Ти-Ди Гарден“, продолжи проклетството на тренерот Док Риверс. Тој ја загуби 10 мајсторка во кариерата. Бостон Селтикс, со изворедна одбрана и брилијантен шут во третата четвртина, ја декласираа Филаделфија. Целосно од играта ги исклучија Џоел Ембид и Џејмс Харден, а третиот период го добија со 33:10. Во овој период Бостон постигнаа осум тројки.

Тејтум го собори рекордот на НБА кога станува збор за бројот на поени во мајсторката. За неполни 42 минути на паркетот постигна 51 поен (17/28 од поле, 6/10 од три) и со тоа го собори рекордот на Стеф Кари кој пред три недели постигна 50 против Сакраменто Кингс.

Тој имаше и 13 скока, со што стана само четвртиот играч во историјата на Селтикс со натпревар 40/10. Пред него тоа го направија Лери Бирд, Џон Хавиличек и Пол Пирс, но Тејтум е единствениот кој успеа да реализира најмалку пет тројки, без загубена топка.

Тејтум голема поддршка доби од Џејлен Браун со 25 поени и шест скока, додека двоцифрен беше и Малколм Брогдон со 12 поени.

Кај Филаделфија најефикасен беше Тобијас Хари со 19, додека Тајрис Макси додаде 17. Катастрофална шутерска вечер имаше Џоел Ембиид (5/18), кој мечот го заврши со 15 поени и осум скока, а ништо подобар не беше Џејмс Харден со 3 / 11 голови од поле.

За пласман во големото финале Бостон ќе се бори со Мајами Хит.