Фановите на „Сигнал Идуна парк“ видоа како Борусија Дортмунд прима пет гола од Баер Леверкузен кои денеска најдоа решение за играта на домашниот состав и го декласираа соо 5-2.

Дербито беше отворено на бизарен начин бидејќи беа постигнати два автогола од Аканџи и Фримпонг за 1:1, по што следеше страшна контра на гостите која во гол ја материјализираше Вирц.

Леверкузен преку Андрих зголеми на 1:3 во 28-та минута, а овој резултат беше активен до стартот на вториот дел кога Тах погоди за 1:4 и стана јасно дека победата ќе им припадне на гостите.

Во самата завршница, Диаби погоди за 1:5, а конечните 2:5 ги постави младиот Тигс со гол во 89-та минута.