Изгубивме многу време во процесот на проширување, тој процес мора да се забрза изјави денеска високиот претставник на Европската Унија ( ЕУ ) за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада. Тој истакна дека ЕУ треба да работи со сите десет кандидати за членство, при што пристапувањето ќе мора да се турка многу побрзо отколку во минатото, за што клучно е да има движење и тоа да биде побрзо, но и да се води сметка за пристапот на прилагодување.

„Целта на поставување на датум е да се мобилизира политичката енергија за да започне движење. Добро е да се има цел, да се има хоризонт, но тоа не е прецизен датум. Ако немаме хоризонт луѓето ќе мислат дека има време, но ние немаме време. Изгубивме многу време во процесот на проширување“, изјави Борел, додавајќи дека сега кога и Украина е кандидат за членство, тоа ќе може „да ги потурне“ и останатите земји.

Според Борел второто важно прашање освен проширувањето од стратешката агенда на Унијата, за кое ќе разговараат лидерите ќе биде миграцијата и тоа за планот од 10 точки што минатиот месец го промовираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Прикажи повеќе