Бомгартнер: Не смееме да дозволиме рускиот режим да победи во оваа војна, мораме да победиме поради самата Украина

Ова треба да бидат моменти на среќа, но ова не е, ова е тажен момент, две години откако Украина беше нападната неправедно, посочи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, на конференцијата „Украина: Две години хероизам“ , што се одржа  26 февруари, 2024 година во организација на Украинската амбасада во соработка со ЦИВИЛ -Центар за слобода.

„Војна која предизвика патење, уништување и најразлични видови кривични дела кои што се навреда на човештвото, правдата и кои што не смеат да бидат не казнети.

Веќе две години цел еден народ дава отпор. Овој отпор е за поздрав. Наоѓаат сила и храброст во чувството за правда. Ја славиме храброста на украинскиот народ и на неговите лидери.

Сметаме дека не смееме да дозволиме рускиот режим да победи во оваа војна, мораме да победиме поради самата Украина“, порача меѓу другото Баумгартнер.

Д. Т.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска