Ѕвзеден тим на Њукасл е новата амбиција на новите сопственици на клубот, а за такво нешто потребно е да имаат и ѕвезда тренер.

Приоритет е ангажман на елитен тренер, а шпекулациите во англиските медиуми се дека прв на листата на желби е Зинедин Зидан. Стив Брус нема уште долго да биде на клупата и се очекува поранешниот тренер на Реал Мадрид да го прифати новиот предизвик.

Зидан ќе има одврзани раце да прави супер тим, а челниците на Њукасл сметаат дека со такво име на кормилото преговорите со фудбалерите ќе бидат многу полесни. Французинот минатата сезона го заврши својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид по што реши повторно да си замине.