Тешко им е на лекарите и сестрите, но најтешко им е на пацинетите. На крајот тие страдаат поради нефункционалноста на системот. Болните од мултипла склероза два месеци се без неопходната терапија која ја спречува прогресијата на оваа сериозна болест. Секој ден се молат да ги добијат потребните лекови кои им го продолжуваат животот.

Стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не го добијат, а во меѓувреме државата си игра топло ладно и не може или не сака да го комплетира тендерот за набавка на истиот.

За мултипла склерозата нема лек и на пациентите им е потребна редовна терапија која ги ублажува симптомите и го спречува прогресирањето на болеста. Доколку не ја примаат терапијата, состојбата трајно и неповратно се влошува.

Целиот текст овде.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.