реклама

Португалското куче Боби се најде на насловните страници минатата година кога му беше доделена титулата за најстарото куче на светот, соборувајќи го претходниот рекорд кој стоеше речиси еден век, но сега Гинис ја доведува во прашање валидноста на таа титула, пренесува во средата Би-би-си.

Боби почина минатиот октомври на официјална возраст од 31 година и 165 дена.

реклама

Но, неговата титула неодамна беше доведена во прашање, откако некои ветеринари фрлија сомнеж врз доказите за возраста на Боби.

Гинисовата книга на рекорди (GWR) ја суспендираше титулата и започна истрага.

реклама

Просечната очекувана возраст на расата Боби, овчарското куче Alentejo, е помеѓу 12 и 14 години.

Неговата напредна возраст беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската влада, управувана од Националниот сојуз на ветеринари, објави GWR минатата година.

реклама

Но, како што веста за неговиот рекорд брзо се рашири – така се зголемија и сомнежите.

Истрагата на магазинот Wired покажа дека годината на раѓање на Боби, регистрирана во португалската база на податоци за домашни миленици била 1992 година, но без никакви документи или информации кои би го потврдиле или негирале ова.

Тука е и прашањето за старите фотографии од домашно милениче каде неговото крзно не е баш исто кај сите, па некои сугерираат дека се работи за сосема друго куче.

Затоа, скептицизмот расте меѓу експертите.

Боби живеел цел живот со семејството Коста во селото Конкеирос, во близина на западниот брег на Португалија.

Неговиот сопственик, Леонел Коста, во изјавата рече дека „елитата во ветеринарниот свет…се обиде да им ја наметне на луѓето идејата дека животната приказна на Боби не е вистинита“.

Коста верува дека реакцијата се случила затоа што долговечноста на Боби ја припишал на исхрана слична на човекот, а не на храна за домашни миленици. Тој вели дека ова е спротивно на препораките на многу ветеринари.

„Сè ќе беше поинаку ако кажевме дека тој јаде храна за домашни миленици три децении“, рече Коста, додавајќи дека се што побарала GWR за да се потврди возраста на Боби е исполнето.

До смртта на Боби, претходното најстаро куче беше Австралиецот Блуи, кој почина во 1939 година на 29-годишна возраст.

реклама