Блинкен: САД ја разгледува истрагата на Израел за нападот во кој загинаа хуманитарци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД внимателно ја разгледува истрагата на Израел за нападот во кој оваа недела загинаа седум работници на Светската централна кујна.

„Многу е важно Израел да ја преземе целосната одговорност за овој инцидент.

Исто така, важно е да преземе чекори за да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Уште поважно е да се преземат мерки за да се осигура дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори“, изјави Блинкен за новинарите во Брисел.

Тој додаде дека Вашингтон многу внимателно ќе разгледа какви чекори презема Израел. Хуманитарните работници загинаа на 1 април кога нивниот конвој беше погоден веднаш откако го надгледуваше истоварот на 100 тони храна донесена во Газа по морски пат.