Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер и поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини беа ослободени од обвиненијата за измама и корупција.

Advertisements

Сојузниот кривичен суд во Белинцона не го прифати барањето на обвинителството кое кон средината на јуни побара условна затворска казна од една година и осум месеци. Овие обвинувања Блатер и Платини ги отфрлија, па при судењето кое траеше 11 дена било утрвдено и констатирано дека се во право.

Блатер си поднесе оставка од функцијата претседател на ФИФА во 2015 година по што неколку месеци подоцна федералното обвинителство во Швајцарија отвори истрага за исплата на два милиони швајцарски франци што Сеп му ги платил на Платини во 2011 година за консултантски услуги кои легендата на францускиот фудбал ги извршувал од 1998 до 2002 година.

За таа исплата не потпишале договор, а единствениот писмен договор што го имале е оној од 1999 година со кој била предвидена фиксна годишна плата од 300.000 франци која тогаш била целосно исплатена од ФИФА.

Извор: Дерби

Прикажи повеќе