Вардар го победи Железничар од Босна и Херцегоина во 4. коло од Регионалната лига во бокс, во групата А. Во Скопје вчера црвено-црните победија со 14:6.

За македонскиот претставник ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.

Во младинска конкуренција остварени се две службени победи, противникот немаше свои боксери во категориите 56 кг. и +91 кг.

Во сениорска конкуренција победи остварија Бериша Јетон, Јасин Љама, Бајоку Шпетим, Лео Јовановски и Арсим Етемеи. Порази запишаа, Оран Шакировски, Ерлаб Бериша и Арианит Пачаризи. Вардар на табелата е трет во групата А со 2 бода, прва е Лозница со 8, Железничар е втор со 4 бода. Следенно за БК Вардар е мечот со Лозница во февруари следната година на гости. (МИА)