Садио Мане (31) по само една сезона ќе го напушти Баерн. Сенегалецот минатото лето од Ливерпул пристигна во Минхен. Не успеа да ги оправда очекувањата. „Билд“, во четвртокот ексклузивно објави дека Баерн и Мане се договориле да ја прекинат соработката.

Сенегалецот одигра многу лоша сезона. Имаше и непријатна повреда која го спречи да настапи на Светското првенство во Катар. Поради повредата отсуствуваше наколку месеци, а кога се врати на теренот предизвика големи скандали. Прво, имаше вербален конфликт со поранешниот тренер Јулијан Нагелсман. Потоа го удри соиграчот Лерој Сане, поради што беше суспендиран на еден натпревар и казнет со половина милион евра.

За Баерн оваа сезона настапи на 35 натпревари, постигна 12 гола и забележа пет асистенции./Makfax

Прикажи повеќе