Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, кој веќе еден месец е во домашен притвор, денеска беше доведен на распит. Специјалното тело за борба против корупцијата, СПАК, го гони за досието за приватизација на поранешниот спортски комплекс Партизан. И на влегување и на излегување од зградата тој упати критики до обвинителите и премиерот Еди Рама, а својот случај го нарече политички прогон како во времето на сталинизмот.

„Дојдов овде, им реков, да им кажам во лице во име на сите демократи, опозиционери. Две години го осудувам Еди Рама и тебе како негова структурирана криминална група, како платеници кои тој ги користи. Дојдов овде, ви реков, да ја урнам срамната пирамида на измама што ја изградивте со клевети, измами, измислици и фалсификат, во која нема ништо реално. Само се спроведуваше политичкиот поредок. Вие како структурирана криминална група се вклучивте во битка против политичкиот плурализам во Албанија, против албанската опозиција и ви гарантирам дека ќе ја добиете сета казна што ја заслужувате“, рече Бериша.

Прикажи повеќе