Белгија со 611 милиони евра помош за Украина

Белгија годинава на Украина ќе и испрати 611 милиони евра помош, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Тој на Х објави дека имал телефонски разговор со шефицата на белгиската дипломатија Лудвин Дедондер за воената помош и развојот на ситуацијата на фронтот, пренесува МИА.

– Благодарност за учеството на Белгија во коалицијата за способности на воздухопловните сили, особено во програмата за обука на пилоти, нагласи Умеров.

Министрите разговарале и за учеството на Белгија во модернизацијата на украинските воени сили.