Бела куќа: „Скршени сме од болка“ поради смртта на неколку американски хуманитарните работници во Газа

Белата куќа синоќа соопшти дека е „скршена од болка“ поради смртта во Појасот Газа на неколку припадници на американската хуманитарна организација World Central Kitchen (WCK), кои според хуманитарците, биле убиени во израелски напад.

„Ние сме скршени од болка и длабоко вознемирени од нападот кој ги уби хуманитарните работници на @WCKitchen во Газа“, напиша портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, на социјалната мрежа Икс.

Бела куќа: „Скршени сме од болка“ поради смртта на неколку американски хуманитарните работници во Газа

Бела куќа: „Скршени сме од болка“ поради смртта на неколку американски хуманитарните работници во Газа

„Работниците на хуманитарната помош мора да бидат заштитени бидејќи испорачуваат помош што е очајно потребна, а ние го повикуваме Израел брзо да истражи што се случило“, побара Белата куќа.

World Central Kitchen“ (WCK) денеска соопшти дека ја запира работата во Газа по нападот во кој загинаа седум нејзини работници.

-Светската централна кујна веднаш ги суспендира своите операции во регионот. Наскоро ќе донесеме одлуки за нашата идна работа, изјави извршната директорка, Ерин Гор за „Тајмс оф Израел“.

WCK претходно соопшти дека седум нејзини работници биле убиени во напад врз нивното возило во центарот на Газа доцна синоќа, откако помогнале да се достави храна и други залихи во северна Газа, кои пристигнале неколку часа претходно.