По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и нередок случај е некој да заврши во болница.

Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.

Но, и оние кои ги постеле само последните неколку дена, или пак, воопшто не постеле, мораат да внимаваат да не претераат со велигденските јајца. Тие се полни со холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите.

Изедете само едно за адет, а докторите препорачуваат да се јаде најмногу две јајца за жените, а три за мажите.

Секако, вмавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.